Зорица Брунцлик е мајстор за веселба! Својот хит го испеа на свадбата на синот на Џани – сватовите ја опсипаа со евра! (фото)

Зорица Брунцлик со своето присуство го почести својот колега Радиша Трајковиќ Џани, кој го женеше неговиот син Марко. На свадбената веселба запеа и Зорица а гостите не жалеја да и’ даваат бакшиж.

Огромен бакшиш на свадбата организирана од семејството Трајковиќ земаа и Јана Тодоровиќ, Милица Јокиќ и Љуба Перучица. Сепак апсолутна рекордерка беше Зорица Брунцлик.

Зорица најмногу се ,,офајди” кога ја испеа нејзината песна „Јелече“, поради што свадбарите беа во тотален транс. Да потсетиме, пејачот Адил Максутовиќ пееше за младенците, а Миња и Марко го одиграа првото оро на песната „Ти си мое небо“.

Семејството Трајковиќ организираше гала прослава на која гости беа Катарина Грујиќ и нејзиниот сопруг – фудбалерот Марко Гобељиќ, пејачката Зорица Брунцлик, Јана Тодоровиќ, Злата Петровиќ со синот и снаата Слаѓа Алегро, Милица Јокиќ со Лука Дачиќ, Љуба Перучица и Катарина Колосеум.