ЗОШТО ЛУБЕНИЦАТА НЕ СЕ ЈАДЕ ВО МАЈ И ЈУНИ?! Продавачите дадоа јасен одговор и ја открија тајната како да се избере најслатката
Започна сезоната на лубеници , полни се полиците во маркетите и тезгите по маркетите, а голем број граѓани ги купуваат во големи количини за да се освежат и разладат, особено во топлите денови.
Меѓутоа, често се случува да купиме лубеница која не е доволно зрела, а со тоа и недоволно слатка. Ова се корисни совети кои треба да ги имате на ум кога купувате лубеница за да ја изберете најслатката.
Еден од најважните совети е да ја подигнете. Зрела лубеница е 92 отсто вода и околу шест отсто шеќер. Долниот дел од лубеницата треба да биде жолтеникав бидејќи додека зрее лубеницата на сонце, е свртена кон земјата, така што е потемна. Ако е бледа или по боја воопшто не се издвојува од останатите, тоа значи дека лубеницата е прерано набрана.
Исто така, зрелата лубеница е темно зелена и мат. Ако е сјајна, големи се шансите дека е помалку слатка.
![лубеница](https://www.kurir.rs/data/images/2021/07/28/16/2661431_lubenica_ff.jpg?ver=1716545196)
Со доаѓањето на летните месеци цената паѓа, а лубениците стануваат послатки и повкусни, највкусни се во јули и август.
Продавачите велат и дека лубениците не се купуваат додека не поминат мајските и јунските вишни и јагоди. Важно за созревањето е сонцето и да не се купува лубеница додека траат пролетните дождови во мај и јуни, бидејќи постои голема веројатност таа што ќе ја купите сега да не биде доволно зрела и слатка.