Зошто луѓето зборуваат додека сонуваат и кои фактори влијаат на тоа !? Ова се случува кај секој трет човек, а зборовите кои најчесто се изговараат ќе ве изненадат
Ако ви се случило да зборувате во сон, не грижете се премногу, бидејќи тоа му се случило на секој трет човек во одреден момент, покажуваат светските истражувања.
Тоа е еден вид парасомниј и речиси секогаш е безопасно, но може да укаже на позначајно нарушување на спиењето или здравствен проблем. Сепак, она што некој го изговара додека спие е сè уште енигма за научниците.
Тоа може да биде поврзано со неодамнешни настани во животот на одредена личност или за што сонува. Факторите на ризик вклучуваат стрес, недостаток на сон и консумирање алкохол, но случајните зборови ретко се проблематични.
Експертите велат дека луѓето кои страдаат од пост-трауматско стресно растројство (ПТСН) се поподложни на разговор во сон. Меѓутоа, доколку тоа не ви се случило претходно, туку почнало ненадејно, причините може да бидат употреба на одредени лекови, стрес, температура, ментално растројство или влијание на наркотици.
Зборувањето во сон обично не е причина за загриженост, меѓутоа, ако кај возрасните започнува ненадејно или вклучува значителна вознемиреност, врескање или насилни дејства што може да ве разбудат од сон, тогаш треба да побарате докторска помош.
Британскиот психолог и експерт за спиење Линдзи Браунинг вели дека истражувањето пред неколку години покажало дека околу половина од разговорите во сон биле неразбирливи, додека останатите се одвивале со паузи, како дијалог со друга личност.
Дури 22 проценти од препознатливиот говор се состоеле од грди зборови, а само помалку од еден процент од љубезен говор, како на пример: „Можам ли да ти помогнам ?“. Најчесто изговараните зборови биле: „не“, „ти“, „биди“, „јас“, додека многу снимени разговори во сонот содржеле извици.
Друг експерт во оваа област, вели дека тоа може да се случи во секое време во текот на ноќта, но обично се случува за време на преминот од една фаза на спиење во друга.