Зошто треба да користите алое вера?

Алое вера е билка која е препознатлива по тоа што помага за негување на кожата и косата и се користи веќе со децении. Дерматолозите сметаат дека таа има позитивно влијае на човековото здравје.

Билката може да се користи за да ја смири кожата и поради тоа се користи за третман на изгореници. Листовите на алое се богати со вода, особено во внатрешниот слој и поради тоа има хидратирачки својства.

Алое вера е природен атисептик што значи дека го прекинува или успорува растот на микроорганизми и помага при спречување на инфекции.

Богата е со витамините Ц и Е и е ефикасна за лечење на акни. Природен извор на салицилна киселина и спречува појава на акни. Го отстранува црвенилото на кожата и ѝ дава сјај.

Активните состојки на алое верата придонесуваат за обнувувањето на косата, особено во шампоните коишто содржат витамин Б12 и фолна киселина.