Ибрахимовиќ по девет месеци и операција се врати на терените

Актуелниот италијански првак Милан триумфираше против Аталанта со 2:0 во натпреварот на кој на терените се врати Златан Ибрахимовиќ.

Тој влезе во игра во 74.минута на местото на Оливие Жиру и собори рекорд.

Шваѓанецот на возраст од 41 година и 146 дена, стана најстариот фудбалер на Милан во Серија А откако за победа се добиваат три бода.

Пред Златан, рекордот го држеше Алесандро Костакурта со 41 година и 25 дена.

Ибрахимовиќ за првпат заигра оваа сезона, откако во мај минатата година заработи тешка повреда на коленото. Тој мораше да се оперира, а рехабилитацијата по хируршката интервенција траеше долго, па многумина се сомневаа дека че се врати на терените.