ИДЕАЛНО ЗА ВИКЕНД – За ова чоколадно уживање потребни се само две состојки и половина час подготовка
Покрај одморот, многумина го користат викендот за готвење и подготовка на омилената храна и десерти.
Доколку не сте вешти во кујната, најдовме рецепт за чоколадна торта, за која ќе ви бидат потребни само две состојки.
Колачот бара само неколку минути подготовка и половина час печење, па затоа е идеален за подготовка доколку гостите ве изненадат.
Состојки за чоколадна торта:
4 јајца
250 грама чоколадо
Подготовка на чоколадна торта:
Загрејте ја рерната на 170 степени
Чоколадото стопете го на пареа или во микробранова печка додека целосно не се стопи
Одделете ги жолчките од белките
Направете снег од белките со миксер
Во растопеното чоколадо постепено додавајте ги жолчките и сè убаво измешајте
Внимателно измешајте го снегот од белката во смесата од чоколадо и жолчка
Истурете ја смесата во подмачкан калап за колачи со дијаметар од 15 сантиметри
Ставете во рерна 30 минути
Откако ќе се испече колачот, оставете го да се излади и подготвен е за послужување. По желба можете да го декорирате со шлаг, овошје или сладолед.