Идентификувана е девојката која убиваше деца во училиште: Полицијата ги открила деталите – а потоа следуваше ШОК кога го најдоа ОВА (ФОТО)

Одри Хејл (28), која уби шест лица во христијанско приватно училиште во Нешвил, имала детална мапа на објектот, соопшти полицијата.

– Утврдивме дека има мапа од училиштето со нацртани детали како надзорни камери, влезни точки… Знаеме дека влегла пукајќи кон една од вратите – соопштија од полицијата.

Во текот на истрагата во училиштето, полицијата покрај картата пронашла и манифест.

– Најдовме манифест и некои натписи поврзани со денешниот датум. Детално е напишано што планирала да се случи денеска – беше соопштено.

Во соопштението се додава дека училиштето било единственото на мета.

Со себе имала две пушки и пиштол. Сметаме дека двете оружја се купени легално – се додава.

Одри е по потекло од Нешвил, а во меѓувреме полицијата разговарала и со нејзиниот татко, а објавиле и дека знаат каде живее.

Сите тројца студенти имаа девет години и се идентификувани како Евелин Дајкхаус, Вилијам Кини и Хали Скрагс, пишува Си-Ен-Ен.

Во престрелката загинаа и 61-годишната Синтија Пик, 60-годишната Кетрин Кунц и Мајк Хил (60), соопшти полицијата.

Се очекува полицијата наскоро да ја објави снимката.