ИДНИОТ ТАТО ГИ ВООДУШЕВИ СИТЕ! Мислите дека мажите сакаат само синови? Неговата реакција кога сфатил дека ќе добие ќерка е БЕСЦЕНЕТА

Во последните неколку години, прославите на кои родителите го откриваат полот на своето дете стануваат сè попопуларни .

Иако поводот е прекрасен, досега сме виделе секакви работи. Токму поради ваквите, непримерни реакции, многумина ги осудуваат ваквите прослави, бидејќи „се додека е жив и здрав“ паѓа во вода кога реакцијата на еден од родителите е разочарувачка.

Сепак, еден татко од Србија ги воодушеви сите бидејќи покажа дека има мажи кои едвај чекаат да добијат ќерки.

тато, татко, пол на детето

Сопругата Сара и тој направија две видеа – првото каде вели дека мисли дека има девојче, а второто видео го открива полот на бебето.

Кога една млада двојка дупнала голем балон, очекувајќи да го дознаат полот на бебето и виделе само бели балони, биле збунети. Сепак, набрзо стигнало решение за дилемата.

Зад нив се појави розов чад, а реакцијата на тато е бесценета.

@_sa_ra20

Onda si nam došla ti 🎀 Mama i tata jedva čekaju da te zagrle 💖 #foryou #fyp #babyshower #genderreveal #foryoupage #balkan #trending #family #baby

♬ Ljubav – Sergej Cetkovic

Тој ги крена рацете во воздух и почна да вика од дното на белите дробови, а потоа ја прегрна сопругата.

“Потоа дојде ти. Мама и тато едвај чекаат да те гушнат”, гласи описот на видеото кое воодушеви многумина.

„Браво тато! Се наежив“, „Вака се радува“, „Честитки за тато“, беа само дел од коментарите.