ИЗБИЛА НАФТА ВО ЗАГРЕБ (ФОТО)

Излевањето на нафтата се случило на улицата Сисачка во Јежево кај Дуги Село

Во улицата Сисачка во Јежево, кај Дуго Село, недалеку од Загреб, дошло до излевање на нафта.

Од загрепската полиција за Индекс потврдија дека добиле дојава за истекување нафта од земјата и дека полицајци се на терен.

Портпаролот на ИНА потврди дека на терен е и нивната екипа.

  • Започна санацијата, собираме информации за што точно се работи – изјави тој за Индекс, додавајќи дека наскоро ќе излезе со повеќе информации.