Избори во Германија и страв од двете страни на политичкиот спектар: Криза што може дополнително да се продлабочи

Германските граѓани кои живеат во регионите Баварија и Хесен денеска ќе излезат на регионални избори кои би можеле значително да ја размрдаат и онака турбулентната политичка сцена во Германија.

Како втора најнаселена покраина во Германија, изборите во Баварија секогаш се следат со посебно внимание. Исто така, регионот Хесен, кој е и „дом“ на финансискиот центар на Германија, градот Франкфурт, е исклучително важен за понатамошните економски и други случувања на земјата.

Сепак, според анализите, состојбата за владејачката семафорска коалиција на овој простор воопшто не изгледа добро.

„Демохристијаните (ЦДУ) и екстремно десничарската Алтернатива за Германија се обидуваат да ги претстават регионалните избори како референдум за владејачката коалиција. Не е ни чудо зошто. Само 19 отсто од Германците веруваат дека владата на Шолц прави добра работа. пишува Политико .

Лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц ги објави изборите.

„Изборните резултати во недела ќе бидат катастрофални за владејачката коалиција“, рече Мерц.