ИЗГОРЕНИ НЕКОЛКУ КУЌИ! Силниот ветер го отежнува гаснењето на големиот пожар во Грција, наредена е ЕВАКУАЦИЈА на 3 ОДМАРАЛИШТА (ФОТО/ ВИДЕО)

Неконтролиран шумски пожар, поттикнат од силен ветер, избувна денеска во ридовите во близина на градот Куварас, 50 ​​километри источно од Атина.

Локалните медиуми јавија дека изгореле неколку куќи во областа.

Властите издадоа наредба да се евакуираат неколку крајбрежни населби кон Атина како мерка на претпазливост, вклучително и популарните одморалишта Лагониси, Саронида и Анависос.

– Има голем пожар, ветерот е многу силен, ветрови од седум бофори (50 до 60 километри на час) – изјавија од противпожарната служба.

Во Грција од минатата недела има топлотен бран, а измерени се повеќе од 44 степени Целзиусови.

Висока температура се предвидува и оваа недела.