Нурна во базенот и повеќе не излезе, во дворот била нејзината мајка, стравична трагедија во Неа Макри, 10 годишно девојче се удавило кога со полн стомак скокнало во водата (Фото)

Малото девојче нурна во вода за да земе маска, а потоа се удави – Немаше здравствени проблеми и знаеше многу добро да плива.

10-годишно девојче се удавило во базен додека била на одмор со родителите во Неа Макри, Грција. Трагедијата се случила кога девојчето се нурнала во базенот за да извади маска за нуркање.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но девојчето не можело да се спаси, јавуваат медиумите во Грција.

Еден од лекарите кој се обидел да и помогне на девојчето рекол дека на детето му извадиле храна од устата додека се обидувале да и го спасат животот.

„Го најдов детето во несвест. Јас и татко ми, кој исто така е лекар, 20 минути се обидувавме да ја оживееме. Се обидовме и да ја извадиме содржината од нејзиниот стомак“.

Несреќата се случила нешто по 18 часот во дворот на станбениот комплекс каде девојчето си играла со својата другарка.

Татко и брат и се вратија дома претходниот ден.

Ден претходно, нејзиниот брат близнак и татко и се вратиле дома, додека таа останала со мајка си.

Во еден момент девојката останала сама во базенот кога нејзината пријателка на кратко отишла дома. Во близина беше и нејзината мајка, која ги пакуваше работите во автомобилот за тие да се вратат дома во Атина.

Кога останала сама, девојката нурнала во базенот за да ја фати маската, но од непозната причина отишла на дното на базенот каде останала повеќе од три минути.

Управителот на комплексот за медиумите изјавил дека ја слушнал нејзината пријателка како вика помош и веднаш истрчал да ја спаси. Кога пристигнал, девојката имала модринки по телото и тешко дишела. Двајца лекари кои живеат во тој станбен комплекс се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Нејзината мајка веднаш повикала брза помош која по десетина минути пристигнала на местото на настанот. Тие веднаш го пренеле девојчето во локалната болница во Неа Макри.

Според неофицијални информации, девојката немала здравствени проблеми и била добра пливачка.

Немилиот настан се случил нешто пред 18 часот во неделата, а малолетничката била во дворот на комплексот на улицата Посејдонос каде си играла со другарка и.

Инцидентот се случил пред очите на мајката на 10-годишното девојче, која била на неколку метри од базенот и почнала да вика брза помош. Првиот повик на 166 бил упатен во 18:12 часот, а десет минути подоцна во комплексот пристигнале два мотори на ЕКАВ. Во 18,40 часот, возило на Брза помош го примило девојчето и го однело во Здравствениот дом Неа Макри.

Сепак, дел од жителите на комплексот тврдат дека 10-годишното девојче имало пулс и дека можеби ќе се спасило доколку не доцнела Брзата помош. Според информациите, девојчето не се соочувало со никаков здравствен проблем и било страствен пливач. Сепак, останува непознато зошто 10-годишното девојче се удавило во базенот, пишува грчкиот портал Прототема.