– АД ЕСМ вчера произведe 20.047 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
Како што информираат од владината прес-служба, во термоелектраните произведени се 15.937 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.110 мегават часови струја.