Израел ги послуша САД, ќе има четиричасовна дневна пауза во борбите во Газа

Израел најави дека денеска ќе ги прекине воените операции на неколку часа, што тие го одбија пред неколку дена иако американските власти го побараа тоа од нив.

Ова го објавија израелските одбранбени сили преку платформата Х, каде што и дадоа некои детали.

„Ќе има тактичка пауза на воената операција во областа на кампот Џабалија денеска меѓу 10:00 и 14:00 часот за да се поттикне евакуација на југ преку оската Саладин“, објави ИД.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) се согласија на оваа дневна забрана за да поттикнат евакуација на цивили од воената зона.

„Коридорот за евакуација ќе остане отворен од 09:00 до 16:00 часот за цивили преку оската Салах ал-Дин кон јужниот дел на Газа“, пишува тој понатаму.

Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неколку дена го одби барањето на Американците за хуманитарни паузи откако израелските заложници не беа ослободени од милитантите на Хамас.