Израел го потпиша договорот за продажба на системот Давидовата прачка на Финска

– Министерството за одбрана на Израел соопшти дека е потпишан договор со Финска, најновата членка на НАТО, за продажба на противвоздушниот одбранбен систем Давидова прачка.

Во соопштението на Министерството се вели дека „потпишан е договор за продажба на Финска на системот Давидова прачка“, нарекувајќи го „историски“.

Вредноста на договорот е 317 милиони евра.

Системот „Давидова прачка“ е наменет за соборување ракети со среден дострел. Заеднички го развија израелската компанија Рафаел и американскиот Рејтеон, а Израел го користи за зајакнување на одбраната од април 2017 година.