Хрватскиот министер кој вчера предизвика трагичен судар се уште не се сеќава на несреќата?

Пред КБЦ Осиек, заменик директорот на болницата, Крунослав Шего, откри нови детали за здравствената состојба на Баножиќ, министер за одбрана, кој вчера рано наутро со џип го претекувал камионот и го усмртил возачот на комбето, Горан Шариќ, татко на две деца, пишува Index.hr.

„Тој е надвор од животна опасност, но се уште сме претпазливи поради сериозноста на повредите. Наодите не покажуваат прогресија на повредите. Се уште не се сеќава на несреќата, се уште не е целосно свесен. Може да се комуницира со него, но не е целосно свесен“, рече тој.

„Не верувам дека полицијата може да добие релевантни информации од него во оваа состојба“, рече тој.

Тој кажа и дека тие како лекари во моментов немаат намера да го префрлат Баножиќ во КБЦ Загреб.