Израел изврши воздушни напади врз воени точки во Сирија

– Израел изврши воздушни напади врз некои воени точки околу Дамаск, главниот град на Сирија.

Сириската новинска агенција САНА, повикувајќи се на воени извори, објави дека израелските сили таргетирале некои воени точки околу Дамаск.

„Нашите системи за противвоздушна одбрана им се спротивставија на непријателските проектили и повеќето ги соборија. Двајца војници беа полесно повредени“, се вели во веста.

Познато е дека околу Дамаск има елементи на либанскиот Хезболах, како и сириска армија и терористички групи поддржани од Иран.

Од 2011 година кога започна граѓанската војна, Израел периодично извршува напади во Сирија против групите и воените пунктови на сириската армија поддржани од Иран.