Инфлацијата во Еврозоната во јуни падна на најниско ниво во последните 17 месеци

 – Годишната стапка на потрошувачка инфлација во Еврозоната во јуни падна на најниско ниво во последните 17 месеци, главно, поради падот на цените на енергијата, според брзите процени објавени денес.

Потрошувачките цени во јуни се зголемија за 5,5 отсто на годишно ниво, што е најбавен раст од јануари 2022 година, покажува статистичкото тело на ЕУ.

Вкупната инфлација забави од 6,1 отсто во мај 2023 година и 8,6 отсто во јуни 2022 година.

Цените на енергијата паднаа во јуни за 5,6 отсто во однос на минатата година откако во мај паднаа за 1,8 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 11,6 отсто во однос на јуни минатата година.

Во ЕУ годишната инфлација забави на 6,4 отсто во јуни од 7,1 отсто во мај.

Најниски годишни стапки се забележани во Луксембург (1 отсто), Белгија и Шпанија (по 1,6 отсто), а највисоки се во Унгарија (19,9 отсто), Словачка (11,3 отсто) и Чешка (11,2 отсто).

Индексот на потрошувачките цени во Еврозоната на месечно ниво во јуни се зголеми за 0,3 отсто.

Цените на енергијата во областа на единствената валута се намалија за 0,7 отсто на месечно ниво во јуни, а цените на храната се зголемија за 0,3 отсто.