„ИЗРАЕЛ ИМА АТОМСКА БОМБА“ Ердоган бесен поради нуклеарните централи во соседството: „Тие ја загрозуваат безбедноста на целиот регион“

Ердоган претходно ги обвини Советот за безбедност на ОН и МААЕ дека не преземаат ништо откако „Израел призна“ дека поседува нуклеарно оружје.

Турција ќе преземе иницијативи во Советот за безбедност на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во врска со фактот дека Израел поседува атомска бомба што претставува закана за безбедноста на земјата , изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Израел има атомска бомба. Поднесовме претставка до надлежните органи и продолжуваме да правиме. Ќе преземеме иницијативи во Советот за безбедност на ОН и во Меѓународната агенција за атомска енергија за ова прашање, кое ја загрозува безбедноста на целиот регион, вклучително и Турција – рече Ердоган, говорејќи на бизнис форум во Алжир, пренесува весникот „Хуриет“.

Ердоган претходно ги обвини Советот за безбедност на ОН и МААЕ дека не преземаат ништо откако „Израел призна“ дека поседува нуклеарно оружје. Тој исто така изјави дека е неопходно да се провери присуството на нуклеарно оружје во Израел и дека има намера да го иницира овој процес во меѓународните структури.

Ердоган, исто така, на форумот рече дека Турција ќе вложи напори за обнова на Газа и ќе се обиде да го изведе Израел пред лицето на правдата за злосторствата извршени во палестинската енклава.