ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ СТРАШНО ВИДЕО ОД ГАЗА! Упаднале во тунелите и пуштиле ВОЕНИ КУЧИЊА на милитантите на Хамас: Ги слушате ли како врескаат?! (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружат неверојатни снимки од наводната пресметка меѓу Хамас и ИДФ во тунелите во Појасот Газа.

Офир Генделман, портпарол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави вознемирувачко видео од необичната пресметка меѓу армијата и милитантите на Хамас на својот профил на социјалната мрежа Х.

Според Генделман, на видеото се гледаат припадници на ИДФ кои со воени кучиња влегле во еден од тунелите што се протегаат стотици километри под целиот Појас Газа. Камерата на грбот на германскиот овчар потоа го снимила моментот кога кучето наводно го напаѓа милитантот кој се криел во темнината.

– Задолжително прогледнете го! ИДФ ги напаѓа ‘терористите на Хамас-ИСИС’ во нивните тунели во Појасот Газа. Слушнете како врескаат – напишал Генделман.

Некои воени блогери, сепак, тврдат дека видеото не е автентично.

– Навистина не мислите дека милитантите кои се борат против ИДФ во влечки носат маска, ракавици, комплет облека и елек во влажен тунел? Интересно е што актерот добил заштитник за подлактицата за да го спречи кучето да го касне – според каналот Телеграма на бранителите на Иран.

Хамас со години ја гради мрежата на тунели

Тунелите се распространети низ целиот Појас Газа, некои се длабоки и до 10 метри, а внатре во нив се претпоставува е целата логистика на Хамас со струја, храна, продавници, магацини за оружје…