Израел ослободи 39 Палестинци откако Хамас ослободи 13 заложници

Израелските власти ослободија 39 палестински затвореници, меѓу кои 6 жени и 33 деца и тинејџери, објави палестинската новинска агенција ВАФА.

Ослободените затвореници се испратени кај нивните семејства источно од Ерусалим и Западниот Брег, пренесува Телеграф.

Овој чекор е резултат на договорот постигнат меѓу Хамас и Израел, каде милитантите на Хамас прво ги ослободија израелските заложници во Газа, а потоа и ослободувањето на палестинските затвореници од страна на израелските власти.

Египет, САД и Катар посредуваа за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, што резултираше со размена на 50 заложници за палестински затвореници.

Хамас доцна синоќа му предаде на Меѓународниот Црвен крст (МКЦК) 13 израелски заложници и четворица странци, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар.

13 Израелци и четворица странци се прифатени од МКЦК и се на пат за Рафа“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маје Ал Ансари.

Телевизиите покажаа снимки од возила на Црвениот крст на преминот Рафах меѓу Газа и Египет.