Израел со дрон го уби главниот командант на Хезболах!?

Израел го уби Висам ал-Тавил, главниот командант на либанската милитантна група Хезболах, во воздушен напад на југот на Либан.

Хезболах денеска објави дека нивниот врховен командант е убиен, а ова е прв пат во тримесечниот конфликт да биде убиен командант на Хезболах. Ал-Тавил, познат како Џавад, беше заменик-началник на единицата на елитните сили Радван.

Либанската национална новинска агенција објави дека нападот бил извршен со дрон во 10:15 часот по локално време на пат кон градот Хирбет Селм, кој се наоѓа во областа Бинт Џбеил. Покрај Ал Тавил, уште едно лице е убиено. Израел се уште не го коментирал овој напад.

Сега има уште повеќе стравувања од дополнително разгорување на конфликтот меѓу Хезболах и Израел. Тие стравувања се појавија по минатонеделното убиство на висок функционер на палестинската милитантна група Хамас, Салех ал-Арури. Убиството се случило во близина на Бејрут, а се сомнева дека го извршил Израел.

Израелските власти веруваат дека Ал Тавил е одговорен за ракетниот напад на Хезболах врз израелската воздухопловна база Мерон, пренесува Ал Џезира.