Израел тврди дека пронашол складиште со оружје на Хамас и знаци на заложници во подрумот на болницата во Газа
Израелската војска тврди дека пронашла складиште за оружје на Хамас и знаци на израелски заложници во подрумот на болницата во Газа.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека откритието било направено во детската болница Рантиси само еден ден откако биле евакуирани нејзините последни пациенти, пишуваат странските медиуми, пренесува Телеграф.
Сепак, Скај Њуз вели дека не ги потврдил овие тврдења.
Болниците беа во центарот на војната во последните денови, а Хамас го обвини Израел дека напаѓа локации со ранливи пациенти. Милитантната група негираше дека користела болници како база за своите операции.
Како што истакнува Скај њуз, објектот Рантис останал без гориво минатата недела, а Израел им наредил на луѓето да си заминат додека ја продолжил копнената операција.
Зборувајќи за новинарите од Тел Авив, адмирал Хагари рече дека во подрумот биле пронајдени „команден и контролен центар на Хамас, самоубиствени елеци, гранати, автомати АК-47, експлозивни направи, РПГ и друго оружје“.
„Најдовме и знаци кои покажуваат дека Хамас овде држел заложници“, нагласи тој.
Тој посочи на фотографиите на, како што рече, списокот на членови на Хамас обвинети за држење заложници во болницата Рантиси, велејќи дека тие биле пронајдени внатре.