Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашните сообраќајни контроли изрече вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 10 за возење без возачка дозвола и пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Според МВР, изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), две санкции за возачи почетници…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.