Изречени 50 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, девет возила упатени на вонреден технички преглед

Секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, вчера, во периодот од 12:00 до 16:00 часот на територијата на државава спровеле акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици и  контрола на лица во казина и обложувалници.

При контролата, како што соопшти МВР, констатирани се 50 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени девет возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.