„ИМАВ 14 ГОДИНИ“ Славната француска актерка обвини режисер за силување

Француските обвинители отворија прелиминарна истрага откако актерката Џудит Годреш поднесе пријава против режисерот Беноа Жако, обвинувајќи го дека ја силувал во детството, јавува Би-би-си.

Годреш (51) го обвинува Жако (77) дека ја силувал во 1986 година, кога имала 14 години, како и за последователни прекршоци што се случиле во текот на нивната врска која траела до 1990-тите.

Жакот рече дека „одлучно“ ги негира нејзините „наводи и обвинувања“.

Во раниот дел од нејзината кариера, Годреш беше позната по нејзините улоги во два филма на режисерот, „Питачи“ (1987) и „Разочарани“ (1990).

Таа неодамна ја спомна нејзината врска со Беноа Жако, иако без да го спомене по име, во автобиографската ТВ емисија наречена „Икона на француската кинематографија“.

Минатиот месец таа го прозва на социјалните мрежи, велејќи дека одлучила да го стори тоа откако гледала документарен филм од 2011 година во кој режисерот зборувал за неговата врска со една адолесцентна девојка.

Во интервју за весникот „Монд“, Жако рече дека „одлучно ги негира наводите и обвинувањата на Џудит Годреш“.

Беноа Жако режира филмови од средината на 1970-тите, а неговата драма од 2012 година „Збогум моја кралица“ го отвори 62-от Меѓународен филмски фестивал во Берлин.