На водителка која известувала од црвениот тепих ѝ долетал инсект – во паника покажала повеќе отколку што треба пред публиката

Лети Сахагун, атрактивната водителка и новинарка на каналот „TNT America Latina“ неодамна доживеала необична незгода додека известувала од црвениот тепих на доделувањето на „Еми“ наградите.

Имено, летечки инсект долетал на нејзината рака, а потоа се „преселил“ точно меѓу нејзините гради поради што исплашената девојка покажала многу повеќе отколку што сакала пред камерите.

После овој инцидент сите присутни многу добро се насмеале, а Сахагун несекојдневната ситуација ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм.

„Ете, понекогаш и такви ситуации се случуваат додека снимаме“, напишала таа покрај објавата која за три седмици добила речиси 100 илјади допаѓања.

Лети Сахагун на црвените теписи на големите настани досега извонредно се снаоѓала.

На првото доделување на Оскарите известувала во 2020 година, а на таа задача тогаш била испратена како новинарка со над 10-годишно искуство, односно како врвен познавач на филмската индустрија.