Имала 117 килограми, а сега пејачката ги загрижи пријателите и фановите со својот изглед откако ослабе 45 килограми: „Облеката виси на неа“
Многу следбеници се загрижени за изгледот на пејачката Џесика Симпсон, за која тврдат дека претерува со диетите.
Актерката и пејачка Џесика Симпсон (42) покажа потенка линија од кога било на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи. Џесика секој ден изгледа послаба и целосно се променила. Во една прилика признала дека ослабела дури 45 килограми, а изгледа дека не застанала тука, иако подоцна не коментирала за килограмите. Многу следбеници се загрижени за изгледот на пејачката за која тврдат дека претерува со диетите.
На најновата фотографија пејачката позираше во црн фустан од вештачка кожа на едното рамо, а малку подоцна беше фотографирана во жолт фустан со исечоци на предната страна. Но, следбениците не можеа а да не го забележат нејзиниот потенок изглед. А извори блиски до пејачката минатиот месец коментираа за Радар онлајн дека таа продолжила да слабее и покрај тоа што веќе изгубила 45 килограми.
“Облеката и виси, а образите и се вдлабнати. Веќе не ни личи на себе. Џесика има природни облини. Изгледа не е здраво за неа да е толку слаба”, рекол изворот.
Имено, пејачката последниве години е видена во неколку изданија, а шокираше со своите трансформации. Џесика ослабе околу 50 килограми по раѓањето на третото дете, но изгледа дека во последно време уште повеќе ослабела. Следбениците биле загрижени бидејќи музичарката претходно се борела со зависност од алкохол и апчиња, за кои таа тврди дека престанала да ги консумира пред четири години. За сè напишала и во своите мемоари „ Отворена книга“ , каде додала дека почнала интензивно да вежба и дека го променила начинот на исхрана.
Да додадеме дека таа е во брак со пензионираниот американски фудбалер Џонсон од 2014 година. Ерик, пак, за нивното вечерно искачување облече сиви фармерки, кои ги искомбинира со едноставна темна маица со кратки ракави. За да не биде ладно, додаде дебел, сино кариран капут и ниски чизми до глужд.