Тајните документи открија детали за голем инцидент: Во септември бевме на работ на Трета светска војна!?

Руски борбен авион истрелал проектил врз авион со екипаж на британското воено воздухопловство (РАФ) над Црното Море минатиот септември, што можеше да претставува воен чин, сугерираат објавените доверливи разузнавачки информации.

До соборување за малку ќе дошло поради погрешна комуникација меѓу рускиот пилот и копнениот радарски оператор, се вели во извештајот на Њујорк Тајмс објавен во средата. Пилотот го таргетирал британскиот авион и пукал, но проектилот наводно закажал и не бил испукан правилно, според официјалните претставници на американската одбрана и неодамна објавениот доверлив разузнавачки извештај цитиран од NYT.

Официјални лица од одбраната на САД изјавија за NYT дека рускиот пилот погрешно го протолкувал она што му го кажува радарскиот оператор на теренот и мислел дека има дозвола да пука. Средбата пред соборување се случила меѓу четиримоторен шпионски авион познат како RC-135 Rivet Joint и два руски борбени авиони Су-27, изјавија двајца претставници на американската одбрана со директно знаење за инцидентот.

Британскиот авион C-135 Rivet Joint често има екипаж од околу 30 луѓе и е способен да пресретне бројни комуникациски канали. Според американски официјални лица, кои сакаа да останат анонимни, британскиот авион слушал пресретнати комуникации меѓу руски радарски контролор на теренот кога еден од руските пилоти Су-27 бил испратен да го надгледува леталото.

Во октомври, британскиот секретар за одбрана Бен Валас изјави пред Долниот дом дека руски борбен авион „фрлил проектил“ во близина на авионите на РАФ над Црното Море. Тогаш тој не го опиша инцидентот како „обид“ за пукање. Тој рече дека инцидентот се случил во „меѓународниот воздушен простор над Црното Море“ на 29 септември и додаде дека „невооружениот РАФ RC-135 Rivet Joint бил во интеракција со два руски вооружени борбени авиони СУ-27“, од кои едниот „истрелал проектил во близина на авион на РАФ надвор од визуелниот опсег“.

Валас го информираше Долниот дом дека комуницирал со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој му рекол на својот британски колега дека инцидентот бил „технички дефект на ловецот Су-27“.