Имате проблем со постојана утринска кашлица? Кремот од банана е идеалното решение – ќе го смири за само неколку дена
Бананите не се само вкусни, туку и хранливи и здрави
Сè уште владеат вирусите, а повеќето од нив предизвикуваат постојана кашлица. Ако ви пречи кашлицата и едноставно не поминува, задолжително пробајте го овој крем од банана.
Не само што е вкусен и хранлив, туку и исклучително здрав, а олеснувањето ќе го почувствувате за само неколку дена.
Најдобро од сè, подготовката е многу едноставна.
Состојки:
- 2 зрели банани
- 2 лажици шеќер
- 400 мл врела вода
Подготовка:
Бананите излупете ги, добро изгмечете ги со вилушка, а потоа додадете шеќер и измешајте. Потоа прелијте ги со топла вода, покријте ги и оставете да отстојат половина час.
Процедете ја смесата низ пластична цедалка.
Смесата консумирајте ја најмногу наутро за да се ослободите од кашлицата. Ако имате акутна, постојана кашлица, треба да пиете 100 ml четири пати на ден, на секои два часа.
За неколку дена ќе се чувствувате подобро.