ИМА 100 ГОДИНИ И СЕ УШТЕ ВОЗИ: Дали треба да се воведе старосна граница за возење автомобил? (ФОТО)

Следната година тој официјално ќе стане стогодишник, а со тоа и еден од најстарите луѓе зад воланот на планетата.

Дон Мичел сака да вози, а годините за него се само бројка и ништо повеќе. Со децении бил зад воланот, а потоа на 94 години решил да си ја врати возачката дозвола. Како што вели, од безбедносни причини решил да се откаже од возачката дозвола, како и од задоволствата што му ги давале самото возење автомобил и патување.

Сепак, судбината му приреди прекрасно изненадување на Мичел благодарение на иницијативата Together We Can. Во програмата „Млад возач“ се најде како најстар учесник на иницијативата која првенствено се однесува на 17-годишниците за стекнување навики за возење.