Инстаграм се извини што го додаде зборот „терорист“ во описот на профилот на некои палестински корисници

Мета се извини што го додал зборот „терорист“ во описот на профилот на некои корисници на Инстаграм кои се идентификуваат како Палестинци.

Компанијата соопшти дека проблемот „што накратко предизвика несоодветни преводи од арапски“ е решен.

„Искрено се извинуваме што тоа се случи“, изјавија за Би-Би-Си.

Платформата, исто така, се соочи со обвинувања за потиснување на содржината со која се изразува поддршка за Палестинците во конфликтот Израел-Газа.

Некои корисници велат дека се „банирани“ од Инстаграм поради пропалестински објави.

Ова значи дека платформата интервенира за да се осигура дека објавите не се прикажуваат на туѓи сметки.

Корисниците тврдат дека 24-часовните објави на приказни (кориснички видеа вредни еден ден) поврзани со конфликтот имале помалку прегледи од другите и дека нивните сметки не се наоѓаат лесно при пребарување.