Интернетот е полн со шеги на сметка на новиот играч на Ливерпул и сето тоа благодарение на неговата објава на Инстаграм
Ливерпул пред два дена го официјализираше трансферот на Доминик Шобошлаи од Ред Бул Лајпциг во трансфер вреден 70 милиони евра, а јавноста во Англија веќе најде причина да го „запали“ Унгарецот и неговиот нов клуб.
За се е виновна една најава на унгарската репрезентација од 21 мај кога Шобошлај се пофали дека следната година повторно ќе игра во Лигата на шампионите.
Во тој момент Шобошлаи се уште беше фудбалер на Ред Бул Лајпциг, кој по натпреварот од тој ден и официјално обезбеди учество во елитното натпреварување, а познато е дека таму нема да го гледаме Ливерпул следната сезона.
Поради ова, интернетот буквално е преплавен со шеги на сметка на одличниот Доминик Шобошлаи, во кои навивачите на тимот од Енфилд гледаат големо засилување.
Избраниците на Јирген Клоп целосно потфрлија минатата сезона, заземајќи го скромното петто место на табелата во Премиершип, поради што следната година ќе ги гледаме во Лига Европа.
„Црвените“ првпат ќе играат во ова натпреварување по сезоната 2015/2016 кога стигнаа до финалето во кое беа поразени од Севиља.
Шобошлај играше и за „братскиот“ клуб на Лајпциг од Австрија, Ред Бул Салцбург, а израсна во Лиферинг.
Иако има само 22 години, веќе успеа да одигра 32 натпревари за својата земја, постигнувајќи седум гола.