Иран нема да испрати нов амбасадор во Шведска поради сквернавењето на Куранот

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во неделата на Твитер објави дека „процесот на испраќање нов амбасадор“ во Шведска е запрен „поради акцијата на Владата да дозволи сквернавење на Светиот Куран“.

Иран објави дека нема да го испрати својот новоименуван амбасадор во Шведска, откако му истече мандатот на претходниот пратеник, наведувајќи го како причина неодамнешното сквернавење на муслиманската света книга Куран во Стокхолм, јавува Anadolu.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во неделата на Твитер објави дека „процесот на испраќање нов амбасадор“ во Шведска е запрен „поради акцијата на (шведската оп.а.) влада да дозволи сквернавење на Светиот Куран “.

Министерот за надворешни работи понатаму рече дека разговарал со новоименуваниот амбасадор во Шведска, Хоџатолах Фогани, а пратеникот презентирал и извештај за неговиот дипломатски мандат.

За време на протестот во средата, кој беше одобрен од шведските органи за спроведување на законот и се совпадна со муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, 37-годишниот Салван Момика, роден во Ирак, беше виден како кине и пали страници од Куранот.

Инцидентот се случи пред Централната џамија во Стокхолм и предизвика низа осуди од целиот свет.