Ирина и Леонардо уживаат во неговата јахта: Со години се тема на муабет, а еве ја вистината за нивната блиска врска (фото)

Леонардо ди Каприо отиде од Кан во Сардинија со својот пријател Тоби Мегваер. Ирина Шајк и уредникот на британскиот ,,Вог”, Едвард Енинфул, беа видени и на неговата јахта.

Многу од поранешните партнери на Ди Каприо беа во Кан, од Тони Гарн до Мадалина Дијана Џин, а Џиџи Хадид, која беше во пар со познатиот актер, исто така присуствуваше на фестивалот.

Сепак, таа романса, како и многу други во животот на ди Каприо, не беше потврдена.

Дека Ирина Шајк и Лео можеби се нешто повеќе од пријатели се шпекулираше во април кога се појавија фотографии од нив двајца од ноќно излегување, снимени на вториот ден од познатиот фестивал Коачела. Очекувано, Леонардо ди Каприо не ја пропушти забавата во Калифорнија, а до доцна во ноќта помина со манекенката Ирина Шајк и нејзината пријателка Стела Максвел, успешна манекенка. Штом тие фотографии ја здогледаа светлината на денот, почнаа да кружат. Додуша, некои од почетокот се сомневаа во тоа, а сето тоа поради фактот што руската манекенка има 37 години, а добро е познато дека сите партнери на актерот немаа повеќе од 25 години.

Дали се заедно од љубов или поради тоа што Лео е пријател со Бредли Купер, бившиот свршеник на Ирина, останува да видиме понатака. ,,TMZ” напиша дека Ди Карио и Шајк се само пријатели кои се дружеле во Коачела и уживале во концертот. Овој сајт наведе дека актерот и манекенката се во одлични односи, но дека меѓу нив нема љубовни искри.