Исламски екстремисти му се закануваат со смрт на градоначалникот на Лондон

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, добил смртни закани од исламски екстремисти, објави вечерва Гардијан.

Кан доби полициска заштита, која генерално им се дава на членовите на владата или на кралското семејство од 2017 година.

Извор запознаен со безбедносните протоколи изјави дека покрај заканите од исламските екстремисти, на Кан му се заканува и екстремната десница. 

Градоначалникот на Лондон го осуди исламскиот тероризам, во време кога Лондон беше цел на два џихадистички напади во 2017 година, како и по нападот на Манчестер, но и кога крајнодесничарските екстремисти нападнаа верници кои излегуваа од лондонска џамија.

Кан, првиот муслимански градоначалник на Лондон, има тим од околу 15 полицајци кои го штитат деноноќно, пишува британскиот весник. Се додава дека денеска еден маж признал дека му се заканувал на Кан.