Исчезна Генерал „Армакедон“? Украина тврди дека судбината на расчинетиот Суровикин е мистерија!? (фото)

Генералот Суровикин беше врховен командант во Украина сè додека не беше заменет од началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, а не е виден во јавноста по бунтот на „Вагнер“ против Кремљ на 23 и 24 јуни.

Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба Андриј Јусов денеска тврди дека од таа позиција е сменет рускиот генерал Сергеј Суровикин, заменик командант на руските сили во Украина, познат како Армагедон, а неговата судбина не е позната.

Украинската воена разузнавачка служба коментира дека конфликтите во руската воена елита започнале по бунтот на групата Вагнер, при што Суровикин го загубил статусот, објави „Киев Индипендент“.

Без разлика, крајната судбина на Суровикин сè уште е непозната, додаде портпаролот. Според Јусов, преструктуирањето на руското воено раководство е во корист на Украина и може негативно да влијае на моралот и воената ефикасност на руските трупи на долг рок.

Киевскиот весник наведува дека Москва не ги потврдила овие тврдења. Шефот на комитетот за одбрана на руската Државна дума, Андреј Картаполов, само коментираше дека Суровикин „моментално мирува“ и дека „засега е недостапен“.