Французинот е дефинитивно чудо на природата! Новата брутална блокада го остави светот без зборови! Сите се прашуваат како го направи ова!? (видео)

Новото НБА чудо не престанува да ги радува љубителите на кошарката ширум светот.

Сан Антонио Спарс претрпе пораз на домашен терен против Торонто Репторс (116:123) и покрај уште една одлична партија на неверојатниот Виктор Вембањама.

Првиот пик, мечот го заврши со 20 поени, девет скока, четири асистенции и дури пет блокади, од кои една се истакна.

Виктор Вембањама

Младиот Французин на навистина неверојатен начин го блокираше ударот на Ануноби. Асот на Торонто се намести за шут за три поени од корнер, при што Вемби беше на три метри од него, но тоа не го спречи да му го блокора шутор. Тој скокна и благодарение на нереалниот распон на рацете од 240 сантиметри го блокираше својот ривал.

Неговата објава брзо стана вирален хит.

Инаку, Вемби стана првиот дебитант по легендарниот Тим ​​Данкан, кој во својата дебитантска сезона оствари учинок од 20 поени и пет блокади на еден меч.