Исчезнувањето на Самоил и по пет месеци останува мистерија

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски во кој пред околу два месеца беше пукано со пиштол, па заврши со куршум во раката, вели дека се сомнева во државните органи, па поради тоа самиот истражува што се случувало пред шест месеци и тврди дека дошол до семејството на човекот за кој смета дека е организатор на, како што вели, киднапирањето на неговиот син… Помош овој пат побарал и од бугарската амбасада за побрзо расчистување на случајот за конечно да дознаат дали нивниот близок е жив.

Трагајќи, како што раскажува, по вистина за неговиот син, Љупчо Костадиновски, вели дека нападот врз него пред неговата куќа следел по посетата на куќата на таткото на човекот за кој тој смета дека стои позади се.

Од Обвинителството за Канал 5 тврдат дека интензивно се преземаат дејствија за расчистување на двата настани, и оној Самоил, но и за пукањето во татко му.

До овој момент поведена е истрага против три лица за учество во дејствија на кривично дело – грабнување. Едно од лицата се поврзува и со другиот настан. Постапката е во тек, а обвинителството во овој момент не е во можност да споделува детали,велат од Јавното обвинителство.