Министерката за надворешни работи на Канада денеска во официјална посета на Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли, денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, алијансата во НАТО, предизвиците од претседавањето на земјата со ОБСЕ, како и други актуелни настани од областа на надворешната политика.

За време на престојот во Скопје, министерката Џоли ќе има средби со премиерот Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.