Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на Австралија Опен, кој по три и пол часа борба го совлада Италијанецот Лоренцо Сонега со 3:1 (6:4, 6:7, 6:3, 7:6). во сетови.
Италијанецот сериозно го измачуваше Алкараз, му одзеде сет, го доведе во тај-брејк во четвртиот сет, но немаше доволно сила и умешност да дојде до израмнување од 2:2.
Алкараз на хартија ќе има многу полесен противник во следната рунда. Имено, Шпанецот ќе игра против победникот од дуелот Нагал (Индија) – Шанг (Кина).