Италијанскиот суд осуди католички свештеник за сексуална злоупотреба на дете

– Судот во Италија го осуди католичкиот свештеник Џузепе Ругола на четири и пол години затвор поради сексуално насилство врз малолетник, објавија локалните медиуми.

Новинската агенција АНСА објави дека судската постапка е поведена по тужбата поднесена од Антонио Месина, кој сега има 30 години, кој го обвини Ругола дека го злоупотребувал во периодот меѓу 2009 и 2013 година.

По судската расправа судот во градот Ена на островот Сицилија го прогласи Ругола за виновен поради сексуално злоупотребување деца.

На Ругола му е доделена трајна забрана да предава во училиште, а пет години да извршува јавни функции.

Во 2020 година Месина му напиша писмо на папата Франциско во кое го пријави злоупотребувањето и бара правда, а потоа го пријавил случајот во полиција.

Ругола беше уапсен во 2021 година, а потоа му е одреден домашен притвор.