,,Не родив дете за дадилка да ми го воспитува!” Карлеуша се повлече на врвот на славата: Нема правила…

Пејачката Оља Карлеуша и нејзиниот сопруг Предраг се во брак речиси 20 години. По неколку хитови, таа реши да се повлече од јавната сцена и да се посвети на семејството и приватниот бизнис.

Пејачката на сцената направи хаос со својот хит „Zene lavice“, кој за неа го создаде Стева Симеуновиќ.

Оља Карлеуша ја напушти естрадата на врвот на популарноста, а неодамна во интервју за локалните медиуми зборуваше за причините поради кои ја донела таа одлука. Оља целосно се посвети на семејството и истакна дека пејачите ретко намерно се повлекуваат од сцената, како што беше случајот со неа.

– На сите им се случува нешто, некои престанаа затоа што така планираа, некои не. Нема правила. Не можам да кажам дека намерно се повлеков, но семејството ми е број еден и секогаш ќе биде – рече Оља и продолжи:

Оља Карлеуша

Оља: „Не родив дете за да ми го одгледува дадилка“

– Мојот сопруг си ја работи својата работа и тој е локомотивата во нашата куќа. Кога една мудра жена ќе сфати дека има локомотива, нема потреба да биде локомотива. Имам дете, но не го родив за да го одгледува дадилка. Родив дете за неговото воспитување да биде олицетворение и огледало на неговиот татко и мајка – изјави таа.

Пејачката истакна дека никогаш не зажалила што ја напуштила музичката сцена.

– Горда сум на тоа. Таа кариера како мајка е најголемата кариера што сум ја постигнала. Направив големи работи за себе, положив правосуден испит, почнав бизнис – истакна Карлеуша, а на прашањето дали тоа значи дека има пари и затоа не мора да пее, Оља одговори:

– Фала му на Бога, да. Не живеев од пеење, тоа беше хоби од кое добро заработував.