Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди денеска северна Италија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од седум километри, на 53 километри североисточно од Верона, додаде EMSC на својата веб-страница.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени.