Возач на градски автобус физички нападнал патник

Во текот на вчерашниот ден возач на градски автобус физички нападнал патник во автобусот кој се движел од Транспортен центар кон с. Бојане, скопско.

Лицето Р.Б. од село Кобаница, скопско, пријавило дека околу 22:00 часот на подрачје на Центар во градски автобус, бил физички нападнат од возачот на автобусот со иницијали Џ.Х.

Од МВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 27.10.2023 во 22.45 часот во Полициско одделение Сарај, Р.Б.(22) од с. Кобаница, скопско, пријавил дека околу 22:00 часот на подрачје на Центар во автобус кој се движел од Транспортен центар кон с. Бојане, скопско, бил физички нападнат од возачот Џ.Х.(31). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.