„ПОБРЗАЈ ЈОКИЌ, КОЊСКАТА ТРКА ЗАПОЧНУВА ЗА 5 МИНУТИ“ Србинот снимен како трча низ ходникот на салата – навивачите ‘ПАЃААТ’ ОД СМЕА (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс на гости го совладаа Мемфис Гризлис со 108:104, а Никола Јокиќ на овој меч имаше дабл-дабл учинок.

На крилата на српскиот центар и расположениот Џамал ​​Мареј, тимот од Колорадо го оствари вториот триумф сезонава.

По трипл-даблот на отворањето на сезоната, следеше импресивен дабл-дабл на незапирливиот Јокиќ – запиша 22 поени (8/14 ФГ), 12 скока и 7 асистенции. Треба да се напомене дека имал дури девет изгубени топки.

Јокиќ имаше свое шоу и надвор од теренот, па на Инстаграм беше објавено видео како во полн спринт трча низ ходниците на салата.

Тоа видео го објави Денвер, со порака до фановите да дадат свој опис и да се обидат да објаснат зошто Србинот трча вака:

„Кога коњската трка почнува за 5 минути“, „Никогаш не трчал толку брзо на терен“, „Кога некој ќе каже дека има подобар коњ за трка“, се само дел од коментарите…