И ГО ЗАБРАНИЛЕ ИНТЕРНЕТОТ- РУСКА ТИНЕЈЏЕРКА УАПСЕНА ЗА КРИТИКА НА ПУТИН: Обвинета за ДИСКРЕДИТИРАЊЕ на руската армија на мрежите, па заврши со НАНОГИЦА
Деветнаесетгодишната девојка Олесија Кривцова од руската област Архангелск е во домашен притвор со наногица откако, како што беше соопштено, беше обвинета за дискредитација на руската армија и оправдување тероризам на социјалните мрежи.
Руските власти ја додадоа Кривцова на листата на терористи и екстремисти, покрај ИСИС, Ал Каеда , поради приказната на Инстаграм за експлозијата на мостот на Крим во октомври, во која таа ја критикуваше Русија за инвазијата на Украина.
Кривцова, студентка на Арктичкиот федерален универзитет во северозападниот град Архангелск, беше обвинета за дискредитација на руската армија затоа што ја критикуваше војната на социјалната мрежа ВК, јавува Си-Ен-Ен
Студентката е во домашен притвор во станот на нејзината мајка и и е забрането да користи интернет и какви било други форми на комуникација.
Локалниот шеф на Комунистичката партија, Александар Новиков, на државната телевизија ја нарече тинејџерката будала која треба да биде испратена на првите борбени линии во источниот украински регион Донбас за да може „да погледне во очи на битката“.
Кривцова лани во мај се соочи со управна тужба за дискредитација на руската армија бидејќи делела антивоени плакати, па повтореното кривично дело од истиот член е претворено во кривична постапка.