И КАЖАЛ НА ЌЕРКАТА ДЕКА И ЈА УБИЛ МАЈКАТА?! Откриено што работел таткото кој ја убил својата сопруга со бормашина, бил познат во Нови Сад

Човекот кој ја убил сопругата, а потоа се обидел да се самоубие, бил познат продавач на опрема за риболов во Нови Сад.

Невидено злосторство се случи денеска во Нови Сад на улицата Дијане Будисављевиќ, каде, како што се сомнева, мажот Н.Т.(55) со бормашина ја убил сопругата Г.(52), по што отишол на Темерински мост и се обидел да изврши самоубиство. На мостот со синџир си врзал бетонски блок и скокнал, но преживеал и немал сериозни повреди, а инаку бил познат продавач на опрема за риболов во Нови Сад.

Како семејство изнајмувале и локали низ градот. Соседите изјавиле дека знаеле за нив дека се добро ситуирани .

Телото на убиената го пронашла една од двете ќерки на парот. Засега не е познат мотивот на злосторството, а познато е дека Н.Т и кажал на ќерка си што направил.

Мажот со автомобил „голф“ дошол до мостот, а непосредно пред да скокне го признал делото.