Каде е денес најпознатата балканска гатачка? Клеопатра ја предвиде судбината на многу луѓе а потоа мистериозно исчезна!

Клеопатра, балканската гатачка, беше едно од најгледаните лица на малите екрани во деведесеттите.

Таа уште од првото појавување во медиумите предизвика бурни реакции направи вистински ,,бум” на тогашната естрада.

Таа се претставуваше како гатачка која може да ја предвиди иднината, а луѓето и’ веруваа и го следеа секој нејзин чекор.

Клеопатра имаше своја шоу програма на балканските канали каде гледачите можеа да учествуваат во живо во програмата, но работеше и со различни естрадни личности чија иднина им ја предвидуваше.

Поголемиот дел од балканската јавност го чекаше тогаш познатиот телевизиски термин за да ги слушне изјавите и говорите на балканската гатачка.

На врвот на нејзината популарност, таа мистериозно исчезна од малите екрани без трага.

Неодамна на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии на кои се гледа како изгледа Клеопатра денес, а многумина коментираат дека таа не се променила многу.

Денеска, поранешната пророчица, како што пишуваат медиумите, престојува во Босна, далеку од очите на јавноста и живее мирен и семеен живот.