КАДЕ ЛУЃЕТО ВО ЕВРОПА ЖИВЕАТ НАЈДОЛГО, А КАДЕ НАЈКРАТКО !? Бугарите се на самото дно од извештајот – погледнете

Каде во Европа луѓето живеат најдолго ? 

Според податоците објавени од Eurostat, мажите од Тичино во Швајцарија можат да очекуваат најдолг животен век – се очекува да живеат во просек 83,4 години – а жените во Мадрид, Шпанија – нивниот животен век е дури 88,2 години.

На другиот крај на скалата, меѓу регионите со најмал животен век, убедливо доминираат покраините од Бугарија, каде што очекуваниот животен век кај мажите не надминува 68, а кај жените 75 години.

Европски региони со најдолг животен век – мажи:

1. Тичино, Швајцарија – 83,4

2. Аланд, Финска – 82,8

3. Регион Леманик, Швајцарија – 82,5

4. Тронделаг, Норвешка – 82,1

5. Исланд – 81,8

Европски региони со најкраток животен век – мажи:

1. Бугарија – 66,1

2. Централна Бугарија – 67,2

3. Југоисточна Бугарија – 67,8

4. Североисточна Бугарија – 68

5. Романија – 68,3

Европски региони со најдолг животен век – жени:

1. Мадрид, Шпанија – 88,2

2. Тичино, Швајцарија – 87,9

3. Навара, Шпанија – 87,6

4. Кастилја, Шпанија – 87,5

5. Кантабрија, Шпанија – 87,1

Европски региони со најкраток животен век – жени:

1. Мајот, француски прекуморски департман – 72,6

2. Бугарија – 74

3. Северозападна Бугарија – 74

4. Југоисточна Бугарија – 74,5

5. Североисточна Бугарија – 74,7

Единствените земји кои успеаја да го изедначат животниот век на своите жители во 2021 година со оној од 2019 година се Исланд и Данска, додека на Шведска и Швајцарија им недостигаат нешто повеќе од еден месец.

Единствената набљудувана земја во која очекуваниот животен век на вкупното население во 2021 година е зголемен во однос на 2019 година е Норвешка (од 83 на 83,3 години).